Утре пратениците одлучуваат дали Коцевски останува државен обвинител

t

Разрешувањето на обвинителот Коцески утре ќе се најде на собраниска седница пред народните избраници, а собранискиот спикер Гаши ќе предложи надополнување на дневниот ред.

Гаши и денеска посочи дека поканата за Коцевски да присуствува на седницата претпладнево се уште не беше испратена но дека до крајот на денот ќе му биде доставена. .

Африм Гаши Претседател на Собрание на Р.С.М

– До крајот на денот поканата ќе му стигне на обвинителот Љупчо Коцевски . Утрешната седница ќе биде надополнета токму со оваа точка на дневен ред откако предлог барањето стигна од Владата и сега треба да с епроцесоира во законодавниот дом според процедурите и деловникот.

Коцевски и претходната недела одговарајќи на новинарско прашање рече дека ќе чека најпрвин да ја добие поканата па ќе одлучи, но не конкретизираше дали ќе се појави на седницата или не.

Кога народните избраници ја гласаа неговата интерпелација тој не се појави и испрати само официјален допис . Во една од последните изјави премиерот Мицкоски пак не кажа кој ќе биде новиот обвинител само посочи дека си има јавен повик а потоа повторно процедурата се враќа во собранието . Од владата и денеска само кратко посочија дека очекуваат процедурата да заврши брзо и дека тие не се на исто мислење со советот на јавни обвинители кои пак веќе и претходно се произнесоа и не даде зелено светло за разрешување на јавниот обвинител Коцевски.

Објаснувањето на владата пак беше дека Коцевски направил крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре пратениците одлучуваат дали Коцевски останува државен…

Разрешувањето на обвинителот Коцески утре ќе се…

Завршија денешните разговори во Берлин, постигнат значителен…

Завршија денешните разговори во Берлин помеѓу украинскиот…

Намален буџетот за пациентите со ретки болести

Намалувањето на парите во буџетот за пациентите…

Приведени осум лица, меѓу нив и малолетници…

На 14/15.12.2025 во Скопје, на различни локации,…

Групна тепачка во скопско Арнакија, тројца од…

Вчера околу 14:15 часот во СВР Скопје…