УХМР предупредува: Дожд, грмежи и град во наредните два дена
По неколкудневното стабилно и топло време, метеоролозите најавуваат промена на временските услови. Под влијание на циклонска активност со центар над Турција, утре и во среда во земјава се очекува зголемена нестабилност проследена со врнежи и грмежи.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на двата дена ќе се развива нестабилна облачност која ќе донесе дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд, силни налети на ветер и услови за појава на град.
Во четврток временските услови постепено ќе се стабилизираат, но и натаму ќе постои можност за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Од петок се очекува враќање на претежно сончевото и потопло време. Според најавите, дневните температури повторно ќе бидат во пораст и насекаде ќе надминат 30 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе продолжи периодот на топло време, но во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност. Можно е да има дожд, грмежи и засилен северен ветер, а локално и краткотрајно невреме.
Од УХМР апелираат до граѓаните да бидат претпазливи при појава на електрични празнења, да избегнуваат престој на отворен простор и да не се засолнуваат под осамени дрвја за време на невреме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР предупредува: Дожд, грмежи и град во…
По неколкудневното стабилно и топло време, метеоролозите…
(Видео) Ветер исфрли воз од шините, застрашувачки…
Силни бури со брзина помеѓу 130 и…
Венс откри делови од преговорите: САД подготвуваат…
САД ќе обезбедат гаранции дека секое евентуално…
Тешко повреден 21-годишник во Прилеп, со возило…
На 22.06.2026 во 02:10 часот во ОВР…
Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза,…
Подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот…