Уште денови со пеколни горештини: Живата на термометарот до 40 степени, се спрема и невреме
Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 22 степени, а дневната ќе достигне до 40 степени.
И во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. На места температурите ќе достигнуваат до 40 степени, а високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта.
Во четврток и петок се очекува зголемување на нестабилноста, со услови за појава на пороен дожд и грмежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште денови со пеколни горештини: Живата на…
Денеска ќе преовладува сончево и многу топло…
Нов украински напад, Крим остана без струја
Украинските сили извршија нови напади врз цели…
Морињата никогаш не биле потопли: Нови температурни…
Во јуни и јули во западна Европа…
Македонија ќе биде потопла и посува: Климатските…
Во следните две децении климатската промена во…
Бака ја прифати номинацијата за претседател на…
Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…