УЈП со рекордна наплата на даноци и придонеси

t

Во првите шест месеци од 2026 година во државниот буџет се слеале 2,271 милијарда евра по основ на даноци и социјални придонеси, што е за 231,8 милиони евра повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

Според податоците, даночните приходи во периодот јануари–јуни пораснале за 14,9 проценти, додека приходите од социјални придонеси се зголемиле за 7,6 проценти. Особено се издвојува јуни, кога е регистриран раст на даночните приходи од 41,6 проценти, а наплатата на придонесите е повисока за 12 проценти во однос на истиот месец лани. Од УЈП оценуваат дека резултатите се должат на подобрената доброволна даночна дисциплина, стабилната економска активност и поефикасната наплата, што, според институцијата, придонесува за стабилни јавни финансии и навремено финансирање на здравството, образованието, социјалната заштита и инфраструктурните проекти.

По основ на данок на добивка во првото полугодие се наплатени 224,5 милиони евра, што е раст од 14,5 проценти во однос на истиот период во 2025 година. УЈП наведува дека растот е резултат на подобрените финансиски резултати на компаниите во текот на 2025 година, а највисока месечна наплата во последните пет години е забележана во март и април годинава.

Кај данокот на личен доход се наплатени 285,2 милиони евра, што претставува зголемување од 11,7 проценти. Најголем раст има кај приходите од работен однос, договори на дело, авторски права, закупнини, капитални добивки, игри на среќа и годишниот данок на доход. Само во јуни наплатата по оваа основа е зголемена за 20,8 проценти.

По основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) се наплатени 703,4 милиони евра, што е за 16,4 проценти повеќе од истиот период лани. Од УЈП нагласуваат дека растот е постигнат и покрај примената на намалените стапки на ДДВ за горивата во дел од годината, што, според нив, покажува дека приходите се резултат на поголема економска активност, поширока даночна база и подобра наплата, а не на повисоки даночни стапки.

Од социјални придонеси во првото полугодие се наплатени 1,057 милијарди евра, што претставува раст од 7,6 проценти во однос на истиот период во 2025 година. Од Управата за јавни приходи оценуваат дека континуираниот раст на јавните приходи е показател за посилна економија, подобра даночна дисциплина и зголемена доверба во институциите, најавувајќи продолжување на реформите насочени кон помодерен и поефикасен даночен систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП со рекордна наплата на даноци и…

Во првите шест месеци од 2026 година…

УЈП ја почнува третата фаза од проектот…

Почнува третата фаза од проектот за е-фактура…

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија годишни…

Во законскиот рок - 30 април 2026…

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025…

Управата за јавни приходи потсетува дека на…

УЈП: Над 70.000 ќе мора да платат…

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека…