Фајненшл тајмс: Зеленски предлага демилитаризирана зона во Донбас
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да нареди повлекување на украинската војска од делови на Донбас, но само доколку истото го стори и Русија, со цел да се воспостави демилитаризирана зона, што е дел од американскиот нацрт-мировен план. Оваа информација Зеленски ја споделил со западните лидери за време на видеоконференција одржана пред неговото патување во Соединетите Американски Држави, пишува „Фајненшл тајмс“.
Според два извора запознаени со разговорите, Зеленски не очекува Москва да се откаже од своите барања и има намера да го поттикне американскиот претседател Доналд Трамп да го засили притисокот врз Русија. Меѓу неговите приоритети се обезбедување стабилно финансирање за вооружените сили и дополнителна поддршка за противвоздушната одбрана, а наводно се залага и за присуство на европски сили на украинска територија.
Зеленски повторил дека какви било територијални отстапки се можни исклучиво со одлука на народот на референдум, кој би морал да се одржи во безбедни услови и по воспоставување прекин на огнот. Тој се осврнал и на прашањето за нуклеарната електрана Запорожје, предлагајќи таа да биде ставена под меѓународна управа и со електрична енергија рамноправно да ги снабдува двете страни во конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фајненшл тајмс: Зеленски предлага демилитаризирана зона во…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да…
Георгиевски: Национализмот на Владата е апсурден и…
Сите ние како општество, како држава, како…
СДСМ: Дубаи, Венеција, визи – а за…
Денеска беше објавена фотографија од претседателот Венко…
„Сакам да живеам во Македонија во која…
Сакам да живеам во Македонија во која…
„НИЕ НЕ СМЕ НИ Д ОД ДРЖАВА“:…
Ние не сме ни д од држава.…