ФБИ упадна и претресе дом на новинарка на „Вашингтон пост“ која го истражуваше Доналд Трамп
Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска извршија претрес во домот на новинарка на „Вашингтон пост“ во рамките на истрагата за лице кое по договор работи за владата, а е обвинето дека носело дома тајни владини документи, јави весникот.
ФБИ ги прегледа уредите на новинарката Хана Нејтансон, ги заплени нејзиниот телефон и часовникот „Гармин“ (Garmin) од нејзиниот дом во сојузната држава Вирџинија, соопшти „Вашингтон пост“.
Новинарката известува за трансформацијата на сојузната влада под Доналд Трамп и неодамна напиша како се стекнала со стотици нови извори, поради што колегите ја нарекле „шепкач на сојузната влада“. Иако не е необично да се спроведува истрага за доверливи документи, претресот на куќа на новинар претставува ескалација во напорите на владата да го потисне протекувањето на информации, пренесе Бета.
„Вашингтон пост“ го нарече претресот на ФБИ „многу необичен и агресивен потег на сојузната полиција“, а групите за одбрана на слободата на медиумите го осудија овој потег како огромна повреда на правата од страна на администрацијата на Трамп. Министерката за правда, Пем Бонди, изјави дека претресот е спроведен на барање на Пентагон.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп „нема да толерира нелегално протекување на доверливи информации, кои кога ќе бидат објавени, претставуваат сериозен ризик за националната безбедност на нашата земја и за храбрите мажи и жени кои ѝ служат на нашата земја“, наведе Бонди во објава на Х.
Во судскиот налог пишува дека претресот е поврзан со истрагата за систем-администратор од Мериленд кој, според наводите на властите, носел дома доверливи извештаи, пренесе „Вашингтон пост“. Тој човек, Аурелио Перез-Лугонес, беше обвинет претходно овој месец за незаконско поседување информации за националната одбрана, покажуваат судските документи.
Перез-Лугонес, кој имал овластување за пристап до тајни документи, е обвинет дека печател доверливи и чувствителни извештаи на работа. При претресот на неговиот дом во сојузната држава Мериленд и на неговиот автомобил овој месец, властите пронашле документи означени како „тајни“, покажуваат судските списи.
„Вашингтон пост“ денеска соопшти дека ја следи и ја разгледува ситуацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ упадна и претресе дом на новинарка…
Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ)…
Трамп прогласи вонредна состојба поради поплавите во…
Силни поплави ја погодија американската држава Вашингтон,…
100.000 луѓе ќе мора да се евакуираат…
Гувернерот на државата Вашингтон, Боб Фергусон, предупреди…
Трамп за пукањето во близина на Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп проговори за пукањето…
Трамп сака новиот стадион во Вашингтон да…
„Висок извор од Белата куќа“ за ESPN…