Фехми Стафа се спогоди со Обвинителството: Затвор од година и три месеци за примање награда за противзаконито влијание

t

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа се спогоди со Обвинителството по однос на случајот со примање награда за противзаконито влијание, односно влијание врз судијата од Апелација, Ѓоко Ристов за случајот на Љупчо Пецов – Ѓаволот.

– Во однос на предлог спогодбата, склучена меѓу надлежниот Јавен обвинител и обвинетиот Ф.С., поранешен државен правобранител, обвинет за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.7 в.в со ст.2 од КЗ, ја информираме јавноста дека до Основниот кривичен суд Скопје, во текот на вчерашниот ден е доставена предлог спогодба за понатамошно постапување. Судот ја разгледа предлог спогодбата и утврди дека се исполнети Законксите одредби од ЗКП, па заради тоа ја верификување спогодбата.

Имајќи предвид дека странките немаат право на жалба, одлуката станува правосилна веднаш и осудениот уште во текот на вчерашниот ден  е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје за издржување на изречената казна. – соопштија од Основниот кривичен суд во Скопје.

Во продолжение дел од одлуката.

П Р Е С У Д А

Врз основа на предлог–спогодба

ОБВИНЕТИОТ:

Ф. С., од татко Ф., мајка Ф., роден на … година во С., по лична карта евидира на ул.„…“ бр… С., а живее на ул.„…“ бр…. во Б., С., со ЕМБГ…, женет, татко на четири деца,  А., државјанин на РСМ, моментално на издржување мерка притвор во КПУ Затвор К..

В И Н О В Е Н  Е

ЗАТОА ШТО:

Во периодот од октомври до 13.12.2025 година обвинетиот Ф. С. примил вкупен износ од 50.000 евра за посредување со искористување на своето реално влијание да винтервенира кај Ѓ. Р., како судија во Апелациониот суд и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши и тоа за во конкретниот предмет за лицето Љ. П. кој како осомничен во друга постапка која ја води ова обвинителство за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, со решение на судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје КОК-ПП бр.439/20 од 03.11.2023 година, да влијае за мерката да ја укине, или замени со поблага , така што од лицето Љ. П., кој бил недостапен на органите на кривичен прогон, обвинетиот Ф. С. побарал износ од 100.000 евра за да му се укине определената мерка, па на 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, кој по насоки на лицето Љ. П., кој не бил во нашата држава ги предала на обвинетиот неговата сестра, сведокот А. М., а остатокот од парите било договорено да се предаде потоа и на 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот кој го барал за да го даде на судијата, како половина од вкупниот износ, па според ветеното по завршување на таквата интервенција да се предадат и останатите 50.000 евра до постигнување на вкупно побараниот износ  од 100.000 евра, кога неспорно по примањето на паричните средства е затекнат од полициски службеници со истите.

Со горните дејствија обвинетиот Ф. С. од С. сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.7 в.в со ст.2 од Кривичниот законик, па согласно цитираната законска одредба и одредбите одчл. 3, 4, 7, 29, 30, 31, 32, 33, 35 и 39, од Кривичниот законик судот обвинетиот го:

О  С  У  Д  У  В  А

НА КАЗНА ЗАТВОР ВО ТРАЕЊЕ ОД 1 – ЕДНА ГОДИНА И 3-ТРИ МЕСЕЦИ, во која казна затвор му се засметува и времето поминато во притвор во КПУ Затвор С. – С. сметано од 13.12.2026 година од 17,00 часот, до правосилност на пресудата односно до започнување со издржување на казната затвор, а согласно чл.47 од КЗ.   

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ