Филипче: Брзаат со укинување на техничката влада и избори поради законот на САД за Западен Балкан

t

Укинување на техничката влада може, но кога ќе бидеме зрело општество, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, се брза со овој чекор затоа што власта сака избори, а потоа да се донесат мигранти за пари.

,,Избори па мигранти за пари, тоа е сценарио смислено уште лани. Акциите на САД ова го забрзуваат со Законот за Западен Балкан. Причината е паника. Мицкоски прво во интервју на Алфа рече дека нема укинување на техничката влада без широк консензус, а потоа вчера рече дека можеле да ја укинат и сами. Кој ќе седне на лидерската средба е поддржувач на политиките на Мицкоски”, вели Филипче.

Во однос на Законот за Западен Балкан, вели дека тоа е доказ дека САД се свесни што се случува во регионот, а за Македонија тоа би значело нивно справување со корупцијата во земјава.

,,Мислам дека тоа е одличен чекор на САД, дека се свесни што се случува тука и дека се враќа фокусот кон Западен Балкан и дека ќе значи повеќе пари во правосудството, но и ќе видиме поголема акција во справување со корупцијата кај нас”, додаде Филипче.

Лидерот на опозицијата обвинува и дека има намерно правење тензии со соседна Бугарија, за да се продолжи патот кон ЕУ.

,,Веќе беше кажано дека јазикот не е оспоруван, а власта намерно го зборува тоа. Наместо добрососедски односи, имаме само блокади. Ова се чекори за да предизвикаат негативна реакција кај граѓаните кон ЕУ”, рече Филипче на брифинг со новинарите.

Обвини дека ќе се носат мигранти за пари само за да останат на власт.

,,Се носат мигранти кои имаат врска со криминал, кои не можат да останат во Британија, а не можат ниту да се вратат во нивните земји. Што направи власта, Резолуција за да се укине слободата на говорот”, посочи Филипче.

Се осврна и на инфлацијата, која вели дека не паѓа, а има огромен раст на трошоците.

,,Кога на ова ќе се додаде зголементата цена на струјата и парното, јасно е дека оваа власт се грижи само за своите џебови. Нема раст на минималната плата, нема никакви мерки”, вели лидерот на СДСМ.

Филипче додава дека власта нема направено ништо во речиси половина од мандатот и дека зад себе има низа низа скандали како злоупотребата на средствата од ИПАРД фондовите и други скандали. Смета дека власта намерно прави лоши односи со Бугарија и Грција.

,,Власта убедувала странски претставници дека ќе се донесат Уставните измени после локалните избори, потоа после партискиот конгрес, а се гледа дека нема да го направат тоа. Е со таква власт си имаме работа”, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Брзаат со укинување на техничката влада…

Укинување на техничката влада може, но кога…

ЗНАМ: Тоа што Филипче бега од лидерска…

Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува…

Филипче: Средба со криминалци нема, техничката влада…

Средба со криминалци нема да има. Нема…

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Се надеваме дека наскоро…

СДСМ преку ново соопштение порача дека ги…

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

Прашањето на македонскиот јазик и Планот за…