Објавено на:

Филипче: Власта сака земјава да биде изолација, Европа ќе се случи кога ние ќе дојдеме на власт

t

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на 9 Мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, рече дека Македонија можела на овој ден да слави, но дека поради власта, земјата не оди напред кон ЕУ.

„Денес го славиме денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме. Еве на пример како Црна Гора која што оди напред, која што ги затвора поглавјата, преговорите и која што догодина ќе стане земја членка на Европската Унија“, рече Филипче.

Тој додаде организираната криминална група на чело со Христијан Мицкоски, ја држи државата изолирана и далеку од европските вредности и реформи.

„За жал не води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски, која што сака земјава да биде во изолација, да биде слепо црево во Европа, да нема реформи, да нема европско правосудство, да нема европски судии и обвинители, да нема богати и среќни граѓани. За жал, земјава ја претворија во Венецуела на Балканот. На ваков настан Мицкоски треба да биде „персона нон грата“, рече Филипче.

Филипче рече дека власта нема да добие поддршка да не ги прави уставните измени, и дека членство во ЕУ ќе се случи кога СДСМ ќе дојде на власт.

„Се знае што треба да се направи, уставните измени. Што е за премиерот обединување? Да му дадеме поддршка да не ги прават? Не, тоа нема да се случи. Ќе се случи Европа кога ние ќе дојдеме на власт и сите ќе одговараат“, изјави лидерот на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…

Филипче: За прв пат после 50 години…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…