Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

t

Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања.напиша лидерот на СДСМ Венко Филипче на ФБ.

Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“.
Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција.

ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ.

Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан.

Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот!

Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние?

Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски.

Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор.

Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност.

Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски. напиша Филипче на ФБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…

Филипче: За прв пат после 50 години…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…