Филипче излезе со мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес конференција истакна дека гледаат оти во изминативе денови владата не преземала буквално ништо во однос на кризата на Блискиот Исток.
„ишто не се дебатира ништо не се анализира, не се прават никакви припреми.
Денеска сме соочени со поскапувања, и тоа не е изненадувањe, имајќи предвид дека системот не е спремен да се соочи со криза, а за што предупредувавме, да потсетам, и за време на анализа на Буџетот за 2026 година, дека овој Буџет е структуриран на начин на ко јшто криза нема да може да издржи. И после денешната одлука со која што од утре цените на горивата растат од 74,5 на 79,5 денари Супер бензинот. Дизелот за 20%, од 71 на 85,5 денари. Ова не е нешто што дојде преку ноќ. Ова е резултат на случувањата со кризата, со војната во Иран.
Имено, за отприлика еден месец во континуитет наназад расте цената на светските берзи на нафтата и таа е порасната за 60%. Досега требаше да има вонредна седница на Владата, би рекол и не една, повеќе, за да се спреми системот да се донесат мерки, за да вакви ценовни шокови граѓаните не почувствуваат.
А што имаме, тоа што вообичаено имаме од премиерот изминатите веќе две години, спинови, дефокус, навреди, недоличен речник, напади до мене лично, до опозицијата, манипулација со мигрантите, дали биле легални или нелегални, дека сме биле четврта економија, во светот.
И покрај тоа што предложивме конкретни мерки, платите не ги зголемија, толку колку што се реално потребни за да можат луѓето да преживеат. Никакви мерки нема ниту во земјоделството, и покрај апелите коишто ги имаат земјоделците, и покрај тоа што ние на тоа укажуваме изминатиот период. Сè што направија беше вештачко намалување на трошоците на живот, само на хартија, со тоа што се прави некаква ревизија на кошничката. Не била синдикална, била владина. Според владината, луѓето не треба да јадат леб и млеко, односно треба да јадат помалку. Ете тоа се предлози- предлог-мерките економски на премиерот и на Владата, којашто нема ниту визија, ниту капацитет, ниту знаење, а најмногу од се нема желба да им помогнат на граѓаните или нешто добро да направат за државата и тоа секојдневно го гледаме, ама затоа нивните бизниси добро си, врват. Е, сега ќе се соочиме со поскапување на сè друго.
Ќе поскапи струјата, ќе поскапат основните прехранбени продукти. Тоа ќе биде еден ланец на настани кои што ќе следат после поскапувањето на горивата. Имајќи предвид дека владата ништо не прави, сметам дека треба да предложиме нешто, да го земат предвид и да го направат за доброто на граѓаните.
Прво предлагаме намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% при промет на сите енергиенси, дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен газ и метан. Понатаму, намалување на акцизата за 4 денари, и тоа е нешто што директно ќе ја намали цената на еден литар на горивата по бензинските станции, и дополнително на сè, сведување на нула проценти ДДВ на основните прехранбени производи, за да се амортизира евентуален скок на цените на храната“, вели Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче излезе со мерки: Намалување на ДДВ…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на…
Трошоците за живот за еден месец се…
Државниот завод за статистика објави и дека…
Битиќи: Нов ценовен удар од полноќ, поскапувањето…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, предупреди дека…
ССМ повикува на масовен протест: Борба за…
Околу 154, 408 работници во Македонија примаат…
Колони на бензинските пумпи пред покачувањето на…
Поради најавеното поскапување на горивата од вечерва…