Филипче: Мицкоски неколку пати ги погази сопствените ветувања, па како сега да му веруваме за мигрантите?

t

Зборувајќи за кризата со мигрантите, лидерот на СДСМ во Тема на денот на ТВ Сител порача дека на премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата не може да им се верува.

Според Филипче, Мицкоски нема никаков кредибилитет откако претходно во неколку наврати сам ги има погазено сопствените ветувања.

„Немаат кредибилитет нашите членови на владата, ниту пак премиерот кој во неколку наврати знаеме дека дава изјави што потоа тоа не важат. Да потсетам, во периодот наназад не важеше преспанскиот договор, ќе го враќаше уставното име, ќе си дадеше оставка ако се докажеше поврзаност на Агенција за обезбедување со дискотеката во Кочани. Сето тоа се потврди, но Мицкоски ништо не направи и сега како може да му верува човек за едно вакво сериозно безбедносно прашање?“ рече Филипче.

Тој додаде и дека според досегашните информации во Македонија треба да стигнат луѓе кои не биле добри за Велика Британија, луѓе кои имаат криминално минато и кои не се пожелни ниту во нивните држави, и сето тоа, според него ќе донесе безбедносна закана во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Мицкоски неколку пати ги погази сопствените…

Зборувајќи за кризата со мигрантите, лидерот на…

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница…

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница…

Што се крие зад заканите на премиерот

Острите тонови и закани со судско гонење…

Утре пратениците одлучуваат дали Коцевски останува државен…

Разрешувањето на обвинителот Коцески утре ќе се…

Завршија денешните разговори во Берлин, постигнат значителен…

Завршија денешните разговори во Берлин помеѓу украинскиот…