Филипче: Повеќе ѝ веруваме на DEA која кажува дека се случил шверц, отколку на Владата на Мицкоски
„Ако Американската Агенција ДЕА за борба против нелегална трговија со наркотици кажува дека се случил шверц, ние повеќе веруваме на дела, отколку на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само интервју“ на телевизија Канал 5, во врска со случајот со запленетите пет тони марихуана. Филипче порача дека граѓаните заслужуваат вистина, а не избегнување на одговорност.
„Ако во Србија има официјален документ од Српското Обвинителство во кој што се спомнува Македонија како извор на дрогата, ако Американската Агенција ДЕА за борба против нелегална трговија со наркотици е вклучена во ова и кажува дека се случил таков шверц, извинете ние повеќе веруваме на дела, отколку на ВМРО и на премиерот. Во повеќе наврати се покажа дека ниту премиерот, ниту оваа влада се кредибилни и не може да им се верува на изјавите“, рече Филипче.
Во интервјуто тој посочи дека власта упорно молчи и одбива да одговори на клучните прашања со овој скандал, со што дополнително се продлабочуваат сомнежите.
„Вистинското прашање е зошто нема одговори од институциите? Тоа е вистинското прашање. Кој дозволил четири или пет шлепери да транзитираат низ државата, да стигнат на граница, да ги пропушти полиција, да ги пропушти царина и да завршат во Србија.Има ли снимки, дали некој ги пропуштил на граница. Кој бил на смена од цариниците, кој бил на смена од полициските службеници и тоа се прашања на коишто ниту премиерот, ниту владата не одговараат, ниту некоја од соодветните институции“, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Повеќе ѝ веруваме на DEA која…
„Ако Американската Агенција ДЕА за борба против…
Дурмиши: За минималната плата не треба да…
Прашањето за минималната плата е чувствително и…
Касами: Сè додека Беса учествува во Владата…
Централното собрание на движењето Беса со мнозинство…
Трендафилов ѝ се заблагодари на власта за…
Синдикалниот лидер Слободан Трендафилов вечерва ѝ се…
Беса го распушти раководството, Касами доби мандат…
Собранието на политичката партија Беса го разреши…