Филипче пред конгресот на СДСМ: Очекувам дебата, не тензии

t

Опозицискиот СДСМ денеска во 11 часот ќе одржи конгрес на кој ќе се анализира изборниот резултат од последните локални избори, во услови на засилени внатрепартиски тензии и јавни критики кон раководството.

Како што информираат партиски извори, конгресот ќе има отворен и затворен дел. Во јавниот дел со поздравен и воведен говор ќе се обрати актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, по што ќе следи затворена седница на која генералниот секретар и шеф на изборниот штаб, Александар Саша Димитријевиќ, ќе го презентира извештајот за изборниот процес.

Предвидено е и гласање за доверба на Централниот и на Надзорниот одбор, како и усвојување статутарни измени со кои се планира воведување нови дигитални платформи за комуникација со членството и со гласачите.

Филипче, кој изминативе денови е под силен притисок од поранешни високи партиски функционери како Петре Шилегов и Јован Деспотовски, за ДВ изјави дека не очекува тензиите да кулминираат на самиот конгрес.

„Очекувам дебата и јавување на делегатите за дискусија. Конгресот е вистинскиот форум за критики. Не очекувам тензии, туку реални и аргументирани забелешки“, рече Филипче.

Тој најави дека по завршувањето на конгресот ќе следуваат интензивни активности на терен, особено во општинските организации, со цел поголема партиска мобилизација. Според него, актуелната власт не нуди политики што реално го подобруваат животот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче пред конгресот на СДСМ: Очекувам дебата,…

Опозицискиот СДСМ денеска во 11 часот ќе…

Деспотовски до СДСМ: Ако не ми се…

Јован Деспотовски кој веќе подолго време е…

Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа…

Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат…

Тренчевска: Буџетот за 2026 е индикатор дека…

Буџетот за 2026 година е јасен показател…

Филипче: Стандардот на граѓаните тоне, над 2…

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во…