Филипче: Средба со криминалци нема, техничката влада мора да остане
Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бараа алиби за распишување на предвремени избори, изјавина денешната прес-конференција, Д-р Венко Филипче, Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ).
Ова што се случува е сценарио кое што е смислено уште лани, кое јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говоревме повеќе од два месеци. Предвремени избори па мигранти за пари. Нема пари во буџетот, власта се брза да превеземе мигранти, да земе кредит 6 милијарди евра плус 20.000 фунти по мигрант, како што пренесоа британските медиуми. Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нека си ги распишат изборите сами кога веќе се имаат испланирано, СДСМ нема да биде покритие за оваа сценарио. – додаде Филипче.
Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше се. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на Кривичниот законик спротивно од препораките на Европската Унија.Тоа го прави за заштита на криминалот на власта. Донесе резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата, со тоа ја загуши дополнителна демократијата и донесе Закон за полиција за целосна партизација и за бркање на професионалците.
И за сето ова во текот на утрешниот ден ќе организираме брифинг на којшто ќе ги соопштам во детали работите кои што се прават во правосудството со поднесените предлог-закони. Да не беа овие чекори, можда и можеше да се разговара, но ова е класична мафија. Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат се и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност. Сето она што СДСМ го говори во изминатиот еден месец сега се случува пред очите на граѓаните. Се потврди и поврзаноста и со СНС и со Србија, исто така тоа што го зборувавме. Како е можно во рок од само еден час по изјавата на Вучиќ во Србија, Мицковски да ги споменува изборите? Што е тоа коинциденција или тоа што го зборуваме изминатите повеќе од месец дена.
И сега е на сите јасно се, нема потреба од дополнителни објаснувања. Акцијата на Соединетите Американски Држави, Законот за западен Балкан каде фокус е борбата против криминалот и корупцијата ги забрзаа работите. Зошто постои потреба токму на најголемиот празник на Божиќ да се пласираат такви политички вести? Очигледно е дека се разоткриени пред целиот свет. Постојат најави за црни листи, за санкции на политичари од целиот регион кои што ќе бидат објавени овој или наредниот месец. Мицкоски повикува на средба, а до вчера не обвинуваа секој ден, бараа да си заминам од СДСМ, измислуваа за мене приказни, Дубаи, Харис Џинович, Сент Моритц, секој ден лажни вести, навреди додека со службите ме следат. Дури и во СДСМ од внатре се обидоа да ја рушат партијата.И сега средба? Па, дали мислат дека и јас и СДСМ сме наивни? Средба нема, техничката влада останува. – заклучи Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Средба со криминалци нема, техничката влада…
Средба со криминалци нема да има. Нема…
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Се надеваме дека наскоро…
СДСМ преку ново соопштение порача дека ги…
СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите
Прашањето на македонскиот јазик и Планот за…
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат кој е…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека е на…
Мицкоски ја поддржува ама и не ја…
Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД…