Финскиот министер за одбрана: Русија ги зајакнува своите воени капацитети на Арктикот
Русија го интензивира своето воено присуство на Арктикот и гради нови воени објекти по границата со Финска, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.
Тој истакна дека безбедноста на тој регион е од клучно значење за стабилноста на Европа и дека европското нуклеарно одвраќање не може да го замени НАТО.
Во интервју за „Јуроњуз“ на маргините на Минхенската безбедносна конференција, Хаканен изјави дека Русија има поголем дел од своите стратешки капацитети, вклучувајќи нуклеарни подморници и бомбардери со долг дострел, на полуостровот Кола. Според него, Москва гради нови воени објекти по финската граница, што потсетува на периодот на Студената војна, поради што, како што оцени, е потребно да се зајакнат одбранбените капацитети на Арктикот заради одвраќање. Тој нагласи дека финските вооружени сили се целосно обучени за арктички услови и се подготвени да го споделат своето искуство со сојузниците. Финска, која се приклучи на НАТО по руската инвазија на Украина, го поздрави обновеното планирање на Алијансата за одбрана на северот, но Хаканен смета дека безбедноста на тој регион требало да биде приоритет порано. Зборувајќи за финансирањето, Хаканен изјави дека Финска, како и 18 други членки на ЕУ, побарала средства од фондот на Унијата во вредност од 150 милијарди евра за одбранбени кредити, и дека барањето на Хелсинки во износ од 1 милијарда евра било одобрено минатиот месец. Поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во копнени сили, вклучително и купување оклопни возила и беспилотни летала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Финскиот министер за одбрана: Русија ги зајакнува…
Русија го интензивира своето воено присуство на…
Мисајловски: Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна…
Мисајловски рече дека планот за мир на…
ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може…
Таканаречените „досиеја на Епстин“, кои неодамна ги…
„Политико“: Канадскиот премиер формира голем трговски сојуз…
Канадскиот премиер Марк Карни покрена иницијатива за…
Воена вежба на крајбрежјето и во водите…
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година)…