Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фирма од Велес оштетена за над 21.000…
На 3 февруари 2026 година, во 07:15…
Велешанец ја горел сопругата со цигари, го…
Полицијата информира за уште еден вознемирувачки случај…
МВР го поништи конкурсот за испитен центар…
Министерството за внатрешни работи го поништи јавниот…
Млада трудница го загуби осуммесечниот плод: Дошла…
Семејството на млада трудница од Велес бара…
Откриена фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски…
Царински инспектори од Одделението за истраги, во…