Објавено на:

Фон дер Лајен: ЕУ мора да има единствена порака кога Путин ќе биде подготвен за мировни преговори

t

Украина и Европа сакаат мир, а единствениот постојан извор на насилство е Русија, додека целиот европски континент е под закана – изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по завршувањето на дводневниот самит на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел.

Европската Унија треба да биде меѓу архитектите на постигнувањето праведен и траен мир, додаде таа.

– Порано или подоцна Русија ќе мора да се приклучи на преговорите, особено под притисок на европските санкции. Кога ќе дојде тоа време, мора да бидеме способни да упатиме единствена порака до претседателот Владимир Путин. Со претседателот Кошта ќе продолжиме да работиме заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ја постигнеме таа цел – рече Фон дер Лајен.

Кошта појасни дека на самитот биле разгледани недоразбирањата поврзани со обидот на членови на неговиот тим да воспостават дипломатски канал за комуникација со Москва.

– ЕУ нема намера да биде посредник во преговорите, бидејќи е на страната на Украина и ќе остане со Киев и по завршувањето на војната – истакна тој.

Според Кошта, засега нема видливи знаци дека Русија е подготвена да се вклучи во сериозни мировни преговори.

– Не можеме да се потпираме само на други да ги пренесуваат руските пораки. Мораме да бидеме способни директно да ги испраќаме нашите пораки до Русија. Не гледам противречност, ниту ривалство меѓу различните актери. Само Украина може да преговара во свое име. ЕУ, исто така, мора да има улога во однос на безбедносните гаранции. Европските интереси треба да бидат заштитени од европските институции, врз основа на договорите на Унијата – додаде Кошта.

Тој оцени дека суштинскиот почеток на преговорите за членство на Украина во ЕУ претставува историски напредок и нагласи дека Европскиот совет првпат од 2024 година успеал едногласно да ги усвои своите заклучоци.

Фон дер Лајен посочи дека ЕУ првпат го продолжила рокот на важност на веќе воведените санкции против Русија за 12 месеци, наместо за вообичаените шест, додавајќи дека работата на нивно дополнително проширување продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: ЕУ мора да има…

Украина и Европа сакаат мир, а единствениот…

Трамп лаже дека сум го молела да…

Трамп тврдеше дека Мелони го молела да…

Зеленски: Украина ја има втората најсилна армија…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оцени вооружените…

Иран објави нови правила за премин преку…

Иран објави нови правила за премин преку…

(Видео) Решен проблемот со млекото во делчевско:…

Решен е проблемот на сточарите од делчевскиот…