(ФОТО) Американски воени авиони на аеродромот во Софија!
Извори на бугарскиот портал „Сега“ и објави на Фејсбук укажуваат дека на аеродромот во Софија се стационирани неколку американски воени авиони.
Милен Керемедчиев напиша на Фејсбук:
„Моментално, на аеродромот има 7 американски воени авиони-танкери за полнење гориво на борбените авиони во воздух, 3 товарни C-17 и C-130, како и неколку Boeing 747 за транспорт на војници. Сите се на пат кон Иран. Очигледно, таму многу наскоро ќе стане многу жешко.“ Соединетите Американски Држави концентрираа доволно сили во регионот на Блискиот Исток за да започнат воздушни напади врз Иран уште следниот викенд. Ова го објавија синоќа американските медиуми, повикувајќи се на претставници од Белата куќа и Пентагон. Според CNN, Пентагон ја информирал Белата куќа дека американската војска ќе биде подготвена да спроведе воена операција во текот на викендот доколку претседателот на САД издаде соодветна наредба. Во исто време, како што пишува The New York Times, претседателот Трамп сè уште не дал никаква причина да верува дека донел одлука за понатамошни дејствија. Од една страна, САД водат директни преговори со Иран, инсистирајќи Техеран да се откаже од збогатувањето на ураниум, а портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, во средата изјави дека администрацијата очекува Иран појасно да ги разјасни своите позиции во следните две недели. Од друга страна, таа одби да одговори на прашањето дали претседателот Трамп има намера да одложи евентуална воена акција во очекување на иранските предлози. Самиот Доналд Трамп постојано му се заканува на Техеран со „тешки последици“ во случај на одбивање да се согласи со барањата на САД. Според извештаите на американските медиуми, ударна група предводена од најголемиот носач на авиони во светот, Џералд Форд, се упатува кон Средоземното Море, каде што веќе е стациониран носачот на авиони Абрахам Линколн. Американските воени авиони со седиште во Велика Британија, вклучувајќи ги и танкерите за воздушно полнење гориво, се преместени поблиску до Иран. Бугарски извори известуваат дека поради воените авиони стационирани на аеродромот во Софија, нема да прифаќаат итни и вонредни летови, ниту пак може да се користат како алтернатива. Милен Керемедчиев објави фотографија од воените авиони на аеродромот на Фејсбук.
Дополнителни системи за ракетна одбрана се распоредени и на Блискиот Исток во текот на изминатиот месец. Како што забележуваат американските експерти, можни цели за напади би можеле да бидат ирански ракети со краток и среден дострел, нуклеарни објекти и објекти поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда. Во исто време, „Њујорк тајмс“ пишува дека советниците за национална безбедност го предупредиле претседателот дека ако целта на операцијата е промена на режимот во Иран, нејзиниот успех не е загарантиран. Изворите на весникот во Израел известуваат дека израелската армија се подготвува за можни воздушни напади врз Иран, чија цел би била да го принуди Техеран да направи отстапки во преговорите и во врска со неговата нуклеарна програма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Американски воени авиони на аеродромот во…
Извори на бугарскиот портал „Сега“ и објави…
Бугарија на 19 април оди на нови…
Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори…
Нова анкета во Бугарија: Радев води речиси…
Пет политички формации ќе влезат во новото…
Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на…
“Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и…
Земјотрес ја стресе Бугарија утрово
Земјотрес со магнитуда од 2,3 степени според…