(Фото) Вода тече во училниците во битолското основно училиште Гоце Делчев
Советникот Миле Трајковски од независната група „Поинаку“ во Советот на Општина Битола остро реагираше поради состојбата со основното образование во градот. Според него, јавните средства се користат за „дупки во јавните претпријатија“, додека децата посетуваат училишта со нарушени услови за безбедност.
„Два дена зборувам на оваа тема и нема никаков одговор од надлежните“, напиша Трајковски на својот профил на Фејсбук, додавајќи фотографии од основното училиште „Гоце Делчев“, за кое истакна дека условите се незадоволителни.
Советникот нагласи дека, според него, приоритет не се потребите на учениците, туку партиската припадност на директорите. „Ама важно е во партијата да знаат кој е директор/ка“, посочи Трајковски.
Оваа реакција доаѓа во период кога јавноста сè повеќе го следи финансирањето на јавните претпријатија и условите во образовните институции во Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Вода тече во училниците во битолското…
Советникот Миле Трајковски од независната група „Поинаку“…
(Видео) Синдикалната минимална кошница за месец февруари…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…
Возете со отворени очи – одрони од…
Одрони се свлекуваат по патиштата низ истокот,…
Фетаи: Треба да се оддалечиме од раздор,…
Рамазан е школа на дисциплина и карактер.…
(Видео) Дојава за бомба во Гимназијата во…
Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата…