(Фото) Македонци во Пефкохори останаа без регистарски таблички

t

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено предупредување до туристите кои престојуваат во Пефкохори, дека грчката полиција спроведува засилени контроли и изрекува казни, при што на дел од возилата им се одземаат и регистарските таблички.

Screenshot

Според објавата, акцијата се спроведува на магистралниот пат кај кружниот тек во Пефкохори.

„Полицајците на сите по ред им ги симнуваат табличките. Прво на едно грчко возило, потоа на џип со регистарски таблички од Неготино, па на автомобил од Велес, а потоа продолжија и со останатите. Ги симнуваат табличките и пишуваат казни. Работат експресно брзо“, стои во објавата.

Засега нема официјална информација поради кои прекршоци се изрекуваат санкциите, но туристите се повикуваат внимателно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописите за паркирање за да избегнат казни и одземање на регистарските таблички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонци во Пефкохори останаа без регистарски…

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено…

Колона до почетокот на Стар Дојран: Четири…

Километарска колона возила што се движат кон…

Грција започна истрага за вчерашната хеликоптерска несреќа

Грчкиот поткомитет за организиран криминал ќе спроведе…

Грција четврт ден по ред се бори…

Големиот пожар кој во петокот избувна во…

Грција започнува со разгледување на опцијата за…

Владата го притисна копчето за институционална истрага…