(Фото) Се запали возило во Влае
Драматична сцена попладнево во скопската населба Влае, каде што опожарено возило беше забележано на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“, во правец кон Ѓорче Петров.

Според фотографиите што пристигнаа до редакцијата, возилото целосно изгорело и е оставено на тротоарот, додека густ црн чад се издигал високо над местото на настанот, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

Засега нема официјални информации за причините за пожарот, ниту дали има повредени лица. Според првичните сознанија, огнот избувнал ненадејно, по што интервенирале надлежните служби.
Се очекуваат повеќе детали во текот на денот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Се запали возило во Влае
Драматична сцена попладнево во скопската населба Влае,…
Во месец март констатирани 26.241 сообраќајни прекршоци…
Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од…
Сијарто: Нападот врз „Турски тек“ е напад…
Унгарија остро реагираше на најновите напади врз…
Трамп: „Ќе ги удриме многу силно во…
Соочен со американската јавност која е претпазлива…
На училиште Катја кажувала како татко и…
„Катја беше среќна и отворена со соучениците.…