Објавено на:

(Фото) Се урна воен авион на автопат во Турција – загина пилотот

t

Турски воен авион Ф-16 се урна рано утрово за време на лет во западната провинција Баликесир, а пилотот загина во несреќата, објави турското Министерство за национална одбрана, пренесоа турските медиуми.

Според соопштението, инцидентот се случил на автопатот Измир-Истанбул, а авионот се урна кратко по полетувањето.

„Во 00:56 часот по локално време, радио-контактот и локацијата на нашиот ловец Ф-16, кој полета од 9-тата воздухопловна база во Баликесир, беа изгубени. Како резултат на веднаш започнатите операции за пребарување и спасување, беше утврдено дека нашиот авион се урна и неговите остатоци беа пронајдени. Нашиот пилот загина“, објави турското Министерство, пренесува Анадолу.

Истрагата за причината за несреќата е во тек, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Се урна воен авион на автопат…

Турски воен авион Ф-16 се урна рано…

Се преврте автобус во Турција, осуммина загинаа,…

Најмалку осум луѓе загинаа, а 26 се…

Турција е против каква било воена интервенција…

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан…

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан сакаат да…

Турција се стреми да се приклучи на…

„Ќе те победам од затвор“ му порача…

Затворениот поранешен градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу,…