(Фото) Србите бесни, нова провокација: Закачено албанско знаме на црква во Приштина
Знамето на Албанија е закачено на вратата на црква во Приштина, јавува РТС.
Знамето беше забележано денеска, а додека екипата на РТС беше на терен, присуството на полицијата не беше забележано, prenesuvaat srpskite mediumi.
РТС потсетува дека овој Храм, во кој богослужбата е забранета, неколку пати е сквернавен.
Изградбата на Храмот на Христос Спасителот започна во 1992 година, а грубите работи беа завршени во 1998 година. По поставувањето на позлатениот крст на централната купола, конфликтите во Косово го запреа доизградбата на храмот.
Повоените албански власти на Косово тврдат дека храмот бил изграден незаконски, за време на владеењето на Слободан Милошевиќ и на земјиште кое наводно не ѝ припаѓа на СПЦ во Приштина.
Пред неколку години беше организирано форензичко вештачење на теренот во областа околу црквата Христос Спас во потрага по, како што се сомневаше, закопани Албанци убиени за време на конфликтот во Косово. По пребарувањето на неколку локации околу црквата, не се пронајдени траги од човечки тела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хоџај: Курти нема никаква контрола на северот…
Пратеникот на Демократската партија на Косово, Енвер…
БИА повикува на разговор, професорите притискаат, студентите…
Студентите не се откажуваат од блокадите, најавуваат…
Србија забележа раст на бројот на странски…
Директорката на Туристичката организација на Србија, Марија…
(Видео) Како се чисти снег: „Не е…
Не е Швајцарија, Косово е, стои во…
Откриен случај на заразен од „мајмунски сипаници“…
На Косово е забележан првиот случај на…