(Фото) Трагедија: Вака изгледа државното знаме на Попова Шапка

t

Ова е државното знаме во спортско-рекреативниот зимски центар Попова Шапка – симбол на државата оставен да виси обезличен, искинат и понижен.

Директор на Ски-центарот Попова Шапка е Гани Алији, кадар на ВЛЕН, близок човек на пратеникот на БЕСА, Аднан Азизи, во Тетово познат како „оџата од Ларце“, кој воедно е и роднина на градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

На Попова Шапка очигледно се води бизнис и се брка профит, но сè друго е запоставено – институционалниот ред, државните симболи и основното почитување кон државата. Македонското знаме, кое мора да биде чувано и достоинствено истакнато, стои занемарено, оскрнавено и оставено на забот на времето.

Ова не е изолиран инцидент, туку уште еден во низата шовинистички и ксенофобни испади поврзани со Движењето БЕСА, предводено од Билал Касами.

Државните симболи не се декор, ниту приватна сопственост. Тие се обврска, закон и одраз на односот кон државата. Секој што управува со јавни институции и јавен простор мора да знае: непочитувањето на државното знаме не е „пропуст“, туку порака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Трагедија: Вака изгледа државното знаме на…

Ова е државното знаме во спортско-рекреативниот зимски…

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени…

Американското Министерство за правда објави нови милиони…

Од ЕУ не можат да одговорат дали…

На пладневниот брифинг во седиштето на ЕУ…

Дванаесет земји предупредуваат на потенцијален нуклеарен инцидент…

Група од дванаесет држави денеска, за време…

Матичните гинеколози бараат јасно дефинирање на здравствените…

Матичните гинеколози со јавна реакција до министерството…