(Фото+Видео) Студентите на протест пред ТВ Информер: Каков медиум е овој Дезинформер?

Пред зградата на ТВ Информер се одржува шестчасовен протест под мотото „Дезинформер“ нa кој повикаа студентите на Факултетот за политички науки, а се собраа голем број студенти и граѓани.
Студентите го повикаа главниот уредник на Информер Драган Ј. Вучиќевиќ да излезе, и напоменаа дека „тука се студентите и студентките кои ги таргетираше“, но тој само се појави на прозорецот од телевизијата и не одговараше на телефонските повици од студените кои пред оградата на објектот вршеа „дезинфекција“ бидејќи „зоната е контаминисрани, се чисти повеќегодишната тиња“.
На протестот пред редакцијата на „Информер“, еден од учесниците денеска се појави маскиран во диносаурус, откако слични сцени беа забележани на студентските протести во Турција, каде демонстрантите се појавија на улиците маскирани како ликови од цртаните филмови, Пикачу и некои други.
Тој ги прашал полицајците кои го обезбедувале влезот на „Информер“ дали може да помине за да се приклучи на програмата, но полицајците низ смеа му одговориле дека не е дозволен пристап до редакцијата на ТВ „Информер“.
Студентите ги повикаа вработените во Информер „да не се дехидрираат од лаги“ и им понудија сендвичи и ги поканија да се послужат со „нивната омилена храна“, јави репортерот на Н1.
Студентите на протестот донесоа и билборд со наслови од Информер. „Ова е еден вид новинарски ѕид на срамот, сакавме да ги прикажеме сите невистини и лажни тврдења кои се изнесени за студентите во последните неколку месеци“, изјави студентката на ФПН, Ела Зековиќ.
„Информер“ не е медиум, туку политички билтен маскиран во медиум, порачаа денеска студентите на протестот пред седиштето на Информер, на кој ги прочитаа и клучните делови од Кодексот на новинарите на Србија.
Покрај Кодексот на однесување на новинарите, кој е закачен на оградата околу зградата на Информер, постои и Законот за електронски медиуми, беше објавено на Икс заедно со видеото од случувањата пред овој белградски медиум.
Министерството за информации и телекомуникации денеска изрази загриженост за протестот пред редакцијата на Информер во Белград, наведувајќи дека со тоа се врши притисок врз медиумите и се ограничува движењето на новинарите, оневозможувајќи ги без мешање да ги извршуваат своите редовни професионални активности.
„Министерството исто така посочува дека ова е уште еден во низата слични настани што се случија во претходниот период и потенцираат дека ова е директен притисок врз слободата на медиумите и ја попречува работата на медиумските работници, што е забрането со Законот за информации од јавен карактер и медиуми“, се додава во соопштението.
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ оцени дека денешниот протест на студентите и граѓаните пред Информер е неприфатлив облик на притисок и закани кон кој било медиум и им понуди поддршка на вработените во Информер.
„Поддршка за Информер и сите храбри луѓе во нивниот тим на чело со Драган Вучиќевиќ. Верувам дека ова насилство врз нив само уште повеќе ќе ги зајаакне да продолжат да известуваат онака како што мислат дека треба, а не како што им диктираат од улицата или на социјалните мрежи“, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа Икс.
Според неа, ова покажува „како би се справиле со неистомислениците кога би дошле на власт“.
-Според официјалните податоци, Информер 647 пати го прекршил етичкиот кодекс на српските новинари во 2024 година. Но, тој не е единствениот медиум што го разгорува гневот на демонстрантите. Многу весници и телевизиски канали кои се сметаат за блиски до властите секојдневно објавуваат обвинувања против демонстрантите, објави АФП.
Од почетокот на протестите што ја потресоа Србија, големото антикорупциско движење кое започна по несреќата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, овие медиуми ги опишуваат студентите како „странски агенти“, платени од опозицијата, како архитекти на иден „државен удар“, нагласува француската новинска агенција во написот за протестите на студентите во Србија.
Pored Kodeksa novinara koji je okačen na ogradu oko zgrade Informera, tu je i Zakon
pic.twitter.com/FVo9BTscro
— Cenzolovka (@cenzolovka) March 29, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото+Видео) Студентите на протест пред ТВ Информер:…
Пред зградата на ТВ Информер се одржува…
Венс доживеа катастрофа на Гренланд : Грандиозно…
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го најави своето…
Од ноќеска започнува летното сметање на времето…
Граѓаните на Македонија ноќеска ќе преминат на…
Путиновата поддршка за Трамповото преземање на Гренланд…
Додека Џеј Ди Ванс слета во Гренланд,…
Комити се скараа со Миленко Неделковски- порачаа…
Во име на групата и здружението ,,35…