Објавено на:

Хаос во Барселона: Изрешетан Србин во тераса на кафуле

t

Српски државјанин е тешко повреден денеска во Барселона по брутален напад што се случи на тераса на кафе во населбата Дијагонал Мар.

Според информациите од шпанските медиуми, нападот се случил кратко пред 16 часот на шеталиштето Таулат, на раскрсницата со улицата Селва де Мар, во близина на плажата и образовните институции.

Напад на терасата на кафуле
Жртвата била на терасата на едно кафуле во моментот на нападот, кога напаѓачите ја изненадиле и отвориле оган.

Мажот бил застрелан повеќе пати и бил однесен во болница во критична состојба.

Полицијата веднаш започнала истрага и интензивно ги бара сторителите, за кои се верува дека биле неколкумина.

Регионални медиуми: напад со нож му претходел на нападот
Според регионалните медиуми, на нападот му претходела физичка пресметка, при што напаѓачите се обиделе да ја повредат жртвата со нож, по што испукале неколку истрели и избегале од местото на настанот.

Оваа информација сè уште не е официјално потврдена од шпанските истражни органи.

Голема полициска операција

На местото на нападот беа испратени силни полициски сили, вклучувајќи и специјални сили, а пошироката област беше блокирана.

Истрагата е во тек, а мотивот за нападот сè уште е непознат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Барселона: Изрешетан Србин во тераса…

Српски државјанин е тешко повреден денеска во…

Шпанска министерка: Израел ми забранува влез, а…

Шпанската министерка за труд и социјална економија,…

Џинпинг: Треба да се спротивставиме на уназадувањето…

Лидерите на Кина и Шпанија во вторникот…

Милијардер предупредува дека поради Ормутскиот теснец светот…

Извршниот директор на „Ситадел“, еден од најмоќните…

(Видео) Трамп ѝ даде 100 долари бакшиш…

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде 100…