Хаос во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
Силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика големи штети во делови од Словенија, особено во регионот Халозе и во општината Жетале, каде што се активирани десетици свлечишта, оштетени се мостови и патишта, а поплавени се бројни домови и деловни објекти.
Градоначалникот на Жетале, Матјаж Копше, соопшти дека за краток временски период наврнале дури 117 литри дожд на квадратен метар, што довело до сериозни последици низ целата општина.
„Активирани се околу 50 свлечишта. Оштетени се два државни и еден општински мост, како и значителен дел од патната инфраструктура. Поплавени се повеќе станбени и деловни објекти, а една куќа во Черможи е во непосредна опасност поради свлечиште“, изјави Копше.
На терен се ангажирани сите расположливи служби за итни интервенции. Цивилната заштита, пожарникарите и екипите задолжени за одржување на патиштата работат на расчистување на последиците и воспоставување на безбедни сообраќајни врски, пренесе словенечката новинска агенција СТА.
Од локалната самоуправа апелираат граѓаните да бидат внимателни, да ги почитуваат поставените забрани и блокади на патиштата и да го документираат оштетениот имот со фотографии пред да започне официјалната проценка на штетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Словенија: Силна бура активираше 50…
Силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика…
Кајзер: Клучен приоритет на Словенија е проширување…
Поранешниот словенечки амбасадор, Тоне Кајзер порача дека…
Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…
Словенија воведе лимит за точење на гориво…
Од полноќ во Словенија стапија на сила…
Парламентарни избори денес во Словенија
Повеќе од 3.000 избирачки места низ Словенија…