Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец
Полицијата приведе 46-годишен маж од Штип кој лажно се претставувал како полициски службеник, одзел службено возило, предизвикал сообраќајна незгода и нападнал полицаец при неговото приведување.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, денеска (09.03.2026) околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР Штип во угостителски објект на улицата „Сутјеска“ го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) од Штип.
Според информациите, околу 08:00 часот пред влез на средно училиште во Штип, осомничениот од М.А. одзел службено возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки. Тој претходно го запрел возилото претставувајќи се лажно како полицаец и извршил наводен претрес, по што се упатил кон населбата Ново Село.
Додека се движел низ градот, предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило на улицата „Маршал Тито“, а потоа продолжил кон централното градско подрачје.
Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“, тој пресретнал жена од Штип која шетала куче и насилно и го одзел миленикот, по што побегнал од местото.
По преземени оперативни мерки, полицијата го лоцирала возилото и го привела осомничениот. При неговото лишување од слобода, еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Од полицијата информираат дека во текот на ноќта истото лице било пријавено и за уште два инцидента – расправија и навреди, како и за оштетување на банкомат во објект на улицата „Сутјеска“.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Штип: Лажно се претставил како…
Полицијата приведе 46-годишен маж од Штип кој…
Орбан: Унгарија од полноќ воведува ограничување на…
Унгарската влада ќе ги ограничи цените на…
Трамп: Премногу е рано да се дискутира…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека,…
ВМРО-ДПМНЕ: Ги потсетуваме СДСМ, Жерновски и Филипче…
Андреј Жерновски е човек кој 30 години…
Министерот за здравство Азир Алиу: Бараме решение…
На една недела пред одбележување на годишнината…