Холандската амбасадорка повика да не им го трошиме времето и парите со неправењето реформи
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на дебатата денес на Националната конвенција за ЕУ порача дека дека ниту едно билатерално прашање не треба да остане пречка на нашиот пат до Унијата,додавајќи дека примерите на Албанија и Црна Гора покажуваат дека процесот е реален и достижен.
„За нас евроинтеграцијата не се гради во Брисел туку тука, во нашите одлуки и начинот на кој постигнуваме консензус. Нашиот натпревар не треба да се одвива во реторика туку во изнаоѓање заеднички решенија за заедничките проблеми. Сега, повеќе од било кога, надвор од политичките калкулации потребна ни е зрелост“, рече Гаши, нагласувајќи дека тоа им го должиме на идните генерации.
Амбасадорката на Холандија, Узлем Џанел,практично ги повика политичките фактори во земјата да не ги оставаат да трошат и натаму време и пари околу нашата евроинтеграција. Таа ги посочи деловите од извештајот околу владеењето на правото и корупцијата каде што се констатира дека нема прогрес нагласувајќи дека Холандија во напредокот во овие сфери вложила досега значителни ресурси , па практично апелираше да направиме реформи за да не биде сето тоа залудно. Таа јасно кажа дека уставните измени како услов треба да бидат исполнети и да се направи исчекор во остварувањето на реформите за да земјата напредува во евроинтеграцијата, нагласувајќи дека не е коинциденција што владеењето на правото е дел од преговорите за основите, т.е. клучната тема.
Наедно таа посочи дека треба да се работи на на економскиот раст и македонија таму да се доближи до европските стандарди забележувајќи дека сега имаме висока стапка на иселување, висока енергетска зависност, недоволно кадровски вештини и не се справуваме со климатските промени, оценувајќи дека на сите овие прашања треба да се одговори на структурен начин.
„Не треба да се губи повеќе време. Времето да се дејствува е сега“, порача холандската амбасадорка.
За Венко Филипче, лидерот на СДСМ, јасно е дека единствениот пат напред за Македонија е евроинтеграцијата, но последниот извештај на Европската комисија е сериозен аларм за состојбата во која се наоѓа државата.
„Жалам што го добивме најлошиот извештај на Европската Комисија за нашата земја изминатите повеќе од деценија. Јасно е констатирано во извештајот дека изминатата година реформи нема. Мислам дека го кажав тоа и на претходниот состав на Националниот Совет – дека единствен полош извештај е за 2015 година, кога сме оценети како заробена држава, но власта и сега го прави тоа“, рече Филипче.
Во своето обраќање тој предупреди дека доколку продолжи актуелната политика на застој и одбивање на реформи, постои реален ризик државата да биде вратена назад во евроинтегративниот процес.
„Ако вака продолжиме, и тоа беше дел од дискусијата на Националниот Совет во минатиот состав, не сум сигурен – можеби Европската Унија ќе не врати повторно на ниво на скрининг“, изјави Филипче.Според него, нема гаранција дека и билатералното прашање со соседна Бугарија ќе остане единствениот услов за напредок во процесот.
„Можно е да не биде единствен услов решавањето на билатералниот проблем со еден од соседите. Зошто? Затоа што не сме спремни. Нема никакво придвижување, ништо во делот на подготовките за отворање на кластерите, особено на првиот – fundamentals“, рече Филипче.
Како особено сериозен проблем го посочи недонесувањето на трите клучни патокази за владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и јавната администрација. Според него, дури и да се изгласаат уставните измени, преговорите со ЕУ нема да можат да започнат веднаш.
„Сега да се случат уставните измени, ние утре нема да можеме да ги почнеме преговорите со Европската Унија, што ја става под знак прашање политичката волја на оваа владејачка гарнитура да направи нешто во делот на евроинтеграциите“, рече Филипче.
Тој посочи дека ваквата ситуација се случува во време кога Европската Унија испраќа јасни сигнали дека е подготвена за проширување и охрабрување на кандидатите.
„Јасни се сигналите од Европската Унија дека има волја да се стави акцент на процесот на проширување. На минатиот состанок кога беше присутна амбасадорката на Данска, ги образложуваше приоритетите на данското претседателство со ЕУ и јасно кажа: ние бевме најголеми скептици за проширувањето, а сега даваме зелено светло и ги поддржуваме сите земји-кандидати да продолжат со реформите, затоа што проширување евидентно ќе има“, порача Филипче.
Тој укажа дека Европската комисија јасно нотирала сериозни слабости во правосудството, борбата со корупцијата, слободата на медиумите и во работењето на Собранието.
„Неколку сериозни забелешки има во делот на неспроведувањето на препораките за правосудството. Не се донесе ни Законот за парнична постапка, не е зајакната улогата на Судскиот совет, не е зајакнат ниту доследно се применува АКМИС системот за електронско управување со судските предмети“, рече Филипче.
Посочи дека и борбата против корупцијата е заглавена, со драстичен недостиг на политичка волја и ресурси. „Не е донесен нов Кривичен законик, потребна е подобра имплементација на антикорупциската стратегија и изготвување на нова, сега за периодот 2026 до 2030. Јавното обвинителство и другите институции од правосудниот систем немаат доволно човечки и финансиски ресурси“, нагласи Филипче.
Тој ја коментираше и ограничената слобода на медиумите, нотирана во извештајот на Европската комисија. „Во делот на медиумските слободи е постигнат само ограничен напредок. Се препорачуваат законски измени, особено во делот на транспарентноста на сопственоста на медиумите“, изјави Филипче.
Критики доби и функционирањето на Собранието, каде според него се задушува дебатата и се бега од отчетност. „Иако начелно е оценето како функционално, се забележува дека огромен број на закони доаѓаат по скратена постапка. Ние не можеме да затвориме очи пред тоа. Тоа ја скратува можноста за дебата во Собранието, ја скратува можноста да бидеме инклузивни – секој еден чинител да може да го каже своето мислење за да законските решенија бидат што поквалитетни“, рече Филипче.
Во обраќањето посочи и дека Владата доцни со спроведување на обврските поврзани со економските критериуми. „Има забелешки во делот на економските критериуми, а тоа е финансиската консолидација со која се доцни и одложувањето на сите планови за имплементација на Законот за органски буџет, кој требаше да започне до 2025 година“, истакна претседателот на СДСМ.
Со ваквиот пристап, според Филипче, Владата директно го компромитира патот на земјата кон ЕУ и ја уназадува.
Настанот се одржува под мотото „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската Унија“, со учество на пратеници, амбасадори, експерти од правосудството, академици и претставници од Словачка, Албанија и Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Холандската амбасадорка повика да не им го…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на дебатата…
Масовно труење во „Димо Хаџи Димов“, најмалку…
Најмалку четириесет деца од одделенска настава во…
Катастрофалните поплави во Азија одзедоа повеќе од…
Катастрофалните поплави погодија милиони луѓе во Тајланд,…
Kaко ќе ги платат… Со по 50.000…
Комисијата за заштита на конкуренцијата го затвори…
Премиерот Мицкоски дециден: Никој не го нападнал…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вчера…