Објавено на:

Хрватска размислува за привремено суспендирање на системот EES

t

Хрватска може привремено да ја суспендира примената на Системот за влез/излез (EES) на Европската унија во случај на големи толпи на границите, објави денес Хрватската радиотелевизија (HRT).

Во итни ситуации, кога се очекува чекање повеќе од 45 минути , граничната полиција може делумно да го суспендира процесот на внесување биометриски податоци, што значи дека на патниците не им се земаат отпечатоци од прсти и не им се прават фотографии на лицата, но пасошката контрола останува задолжителна.

„Постојат некои можности за краткорочна привремена флексибилност и ќе ги искористиме доколку се појави потреба“, рече хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, наведувајќи дека системот EES е првенствено наменет за безбедноста на граѓаните на ЕУ.

Системот EES, кој ги евидентира влезовите и излезите на граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, дополнително ги забави контролите на хрватските граници, особено во текот на летната сезона и го зголеми сообраќајот.

Божиновиќ изјави дека сегашната имплементација на системот го спречила влезот на околу 5.000 луѓе во Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска размислува за привремено суспендирање на системот…

Хрватска може привремено да ја суспендира примената…

Вучиќ: Ќе ги признаеме резултатите од изборите,…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

Двајца американски војници загинаа, еден е исчезнат…

Двајца американски војници беа убиени, а неколку…

Претседателот на Унгарија потпиша амандман со кој…

Унгарскиот претседател Тамаш Сујок го потпиша 17-тиот…

Потписот на американскиот претседател е безвреден, вели…

Врховниот лидер на Иран изјави дека кршењето…