Хрватски медиуми: Учениците кои присуствувале на концертот на Томпсон, добиле петки по предметот музичко образование
Хрватска беше потресена од уште еден настан што јасно покажува дека проблемот со антисрпската нетолеранција не е ниту спорадичен ниту маргинален, туку длабоко вкоренет и институционално толериран, пишува 24sedam.
Хрватските медиуми пишуваат дека најновиот скандал поврзан со настапите на Марко Перковиќ Томпсон, кој според порталот 24sedam, со години се поврзува, со величење на усташката идеологија, релативизацијата на злосторствата од Втората светска војна и јавното поттикнување омраза кон Србите.
Според порталот овојпат причината за бурата не бил само концертот, туку и фактот што професорот по музичко образование во Првата гимназија во Осиек им дал највисоки оценки на учениците кои присуствувале на концертите на Томпсон, одржани на 21 и 22 ноември 2025 година во салата Градски врт, објави 24sedam.
Според хрватските медиуми, учениците кои присуствувале на концертот добиле петки по предметот музичко образование, додека во истата недела немало други релевантни музички настани кои би можеле да послужат како основа за овој вид „културен ангажман“.
Кога училиштето наградува идеологија
Како што е наведено, фактот што професорот најавил дека ќе ги „разјасни критериумите за оценување“ дури по училишните распусти е особено загрижувачки. Со други зборови, оценките се веќе внесени, а објаснувањето доаѓа подоцна.
Ваквиот редослед на настаните, според медиумите остава сериозен простор за сомнеж дека не станува збор за педагошка оценка, туку за идеолошка порака – порака во која присуството на концерт од изведувач познат по усташката симболика се наградува со училишен успех, објавува гореспоменатиот портал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватски медиуми: Учениците кои присуствувале на концертот…
Хрватска беше потресена од уште еден настан…
Предавство во Каракас: „Додека Кубанците умираа, руските…
Штом се приближија американските Делта сили, рускиот…
Рубио и Руте разговараа за безбедноста на…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска разговараше…
Борисов: Веднаш ќе го вратиме мандатот за…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска најави…
Трамп му посака среќа на Орбан во…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…