Царината спречи четири обиди за криумчарење злато на Скопскиот аеродром

t

„Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици. Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и  со вредност од 23 илјади евра“.

Ова го истакна директорот Бобан Николовски во вчерашното гостување на Централниот Дневник на МРТ 1. Царинска управа, претходно, информираше и за спречен обид за криумчарење злато на Богородица. 

Златото во сите случаи е запленето, а против осомничените се поднесени кривични пријави.

Директорот во гостувањето потсети и на случајот во кој царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје спречија криумчарење на 1,7 килограми скапоцен златен накит, којшто во тек на кривичната постапка од страна на судски вештак беше проценет на речиси еден милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…

Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…

Златото поевтино од вчера, грам се тргува…

Цената на златото денес на светските берзи…

Странец сакал да прошверцува 150.000 фунти на…

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле…

Мобилните царински тимови во 2025 со 271…

Мобилните царински тимови во текот на 2025…

Од 1 јули ЕУ воведува фиксна царина…

Советот на Европската Унија формално даде конечно…