Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, кривична пријава против едно лице

t

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.


Годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со намалување на царините ја зголемуваме конкурентноста…

Со владината одлука за дополнително намалување и…

Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…

Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…

Странец сакал да прошверцува 150.000 фунти на…

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле…

Мобилните царински тимови во 2025 со 271…

Мобилните царински тимови во текот на 2025…

Од 1 јули ЕУ воведува фиксна царина…

Советот на Европската Унија формално даде конечно…