Цените во земјоделството растат – зеленчукот поскапе за дури 38%
Цените во земјоделството во март 2026 година бележат значителен раст, при што најголем скок има кај зеленчукот, кој поскапел за над 38 проценти на годишно ниво.
Според податоците на Државен завод за статистика, вкупните цени кај инпутите (влезни трошоци) се зголемени за 5,2 %, додека кај аутпутот (продажните цени) растот достигнува 23,4 % во споредба со март минатата година.
Кај инпутите, тековно потрошените средства во земјоделството се зголемени за 5,0 %, а инвестиционите трошоци за 6,5 %. Главен двигател на растот се повисоките цени на горивата (8,8 %), ветеринарните услуги (14,9 %), семенскиот материјал (4,9 %), средствата за заштита на растенијата (5 %) и добиточната храна (4,7 %).
Дополнително, растат и инвестициите: земјоделската механизација поскапела за 11,3 %, а транспортната опрема за 7,2 %.
Кај аутпутот, односно продажните цени, најголем раст има кај растителното производство – 27,9 %. Во рамки на тоа, зеленчукот бележи скок од 38,1 %, овошјето и грозјето од 10,6 %, додека кај добиточното производство растот е минимален – 0,7 %.
Овие податоци укажуваат на силен притисок врз трошоците во земјоделството, но и на значително поскапување на храната, особено кај свежите производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените во земјоделството растат – зеленчукот поскапе…
Цените во земјоделството во март 2026 година…
Грчки полицајци: Срамно е она што се…
Унијата на полициски службеници од Кукуш реагираше…
Научниците предупредуваат – Астероид што ѝ се…
Во тишината на Вселената, далеку од секојдневните…
Пад на цените на нафтата откако Иран…
Цените на нафтата паднаа откако Иран објави…
Пет случаи на семејно насилство во последното…
На 16.04.2026 во 16:00 часот во Битола,…