Цените на становите одат кон рекордни 5.000 евра ако нема нови ДУП-ови вели Николовски
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, предупреди на сериозни последици за пазарот на недвижности доколку продолжи трендот на блокирање на нови детални урбанистички планови (ДУП) во Скопје.
Според него, ограничувањето на урбанистичкото планирање и изградбата на нови објекти директно ќе доведе до драстичен раст на цените на становите, при што квадратниот метар може да достигне и над 5.000 евра.
„Јас ви гарантирам дека доколку продолжи да не се носат детални урбанистички планови, цената во Скопје ќе биде над 5.000 евра по метар квадратен. Лесно е некој да каже – нека си живеат во нивните градови, но луѓето сакаат да живеат во Скопје“, изјави Николоски.
Тој нагласи дека побарувачката за живот во главниот град е реалност која не може да се игнорира, а доколку не се зголеми понудата на нови станови, тоа ќе доведе до сериозна социјална нееднаквост.
„Ако нема доволно станови, ќе купуваат само тие што имаат најмногу пари, што ќе го наруши животот на граѓаните кои веќе живеат во Скопје“, посочи вицепремиерот.
Николоски оцени дека урбанистичкото планирање не е само административна процедура, туку клучен економски инструмент кој директно влијае врз достапноста на домувањето и квалитетот на живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на становите одат кон рекордни 5.000…
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,…
Јаневска: Институт работел во просторија на обложувалница…
Приватен институт функционирал во просторија на обложувалница,…
Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе…
Во Македонија 45 отсто од возрасните пушат…
ГАК: Имаше кус прекин на струја, но…
Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција…
Агенција за атомска енергија: Погодени делови од…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти…