Црна Гора го затвори Поглавјето 21 во преговорите со ЕУ
Црна Гора го затвори Поглавјето 21 (трансевропски мрежи) во пристапните преговори со Европската Унија, со што го зголеми бројот на привремено затворени поглавја на 14 од вкупно 33.
Од Европската комисија оценуваат дека станува збор за важен чекор во процесот на пристапување. Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека напредокот е резултат на спроведени реформи и континуирана политичка посветеност.
Поглавјето 21 се однесува на развојот и поврзувањето со европските транспортни и енергетски мрежи, што е клучно за економската интеграција на земјата во ЕУ.
Со ова, Црна Гора останува најнапредниот кандидат за членство од регионот на Западен Балкан. Властите во Подгорица најавуваат дека имаат за цел да ги затворат сите поглавја до крајот на 2026 година.
За разлика од Црна Гора, Северна Македонија сè уште не ги започнала суштинските преговори по кластери, иако формално ги отвори преговорите со ЕУ.
Процесот е условен со уставни измени и надминување на спорот со Бугарија, што го одложува отворањето на првите поглавја.
ЦМ Деск
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора го затвори Поглавјето 21 во…
Црна Гора го затвори Поглавјето 21 (трансевропски…
Анкара: НАТО распоредува „Патриот“ во јужна Турција
Турското Министерство за одбрана соопшти дека НАТО…
Пред Велигден нема да има зеленчук и…
Инфлацијата силно ќе удри и врз цените…
Критична е состојбата со пазарот на сулфур:…
Руските производители на ѓубрива побараа од владата…
Кузевска: СДСМ има нова сила – нова…
СДСМ обвинува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ осмислила специјална…