Црна Река се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште

t

Црна Река се излеа од своето корито и ги поплави атарите на демирхисарските села Бараково и Граиште.

Водостојот на реката Црна се зголемува и постои непосредна опасност реката да се излее во куќите. Поплавен е и патниот правец Бараково-Вардино и е непрооден, потврдија жители од демирхисарските села Бараково и Граиште.

Како што информира УХМР, според добиените податоци од хидролошките станици низ земјава, најкритично во поглед на излевање на реките е во горниот дел од сливот на реката Вардар каде во Полошката Котлина се можни локални излевања и појави на заезерување на водата. потоа, о сливот на реката Треска каде значително е повисок водостојот и можни се локални излевања по течението на реката. Во Охридско-Преспанскиот регион каде повисок е водостојот на реката Ресенска (Голема) и можни се заезерувања на водата, во сливот на реката Сатеска и коселска, каде е можно да дојде до излевања.

Исто така, Црна Река можно е да направи заезерувања на водата особено во Пелагониската котлина и Битолско-прилепскиот крај.

На истокот од земјата зголемен е водостојот на горниот дел од реката брегалница, како и во сливот на Крива Река и Пчиња.

До крајот на денот се очекува висок водостој на реките, но поради заладување на времето и врнежи претежно од снег на планините, има тенденција за негово постепено стагнирање.

До крајот на денот се очекува зголемување на водостојот на реката вардар во средното течение, во Скопје и низводно до Велес. исто така во долниот дел на реката Црна.

Од УХМР предупредуваат за претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Река се излеа во демирхисарските села…

Црна Река се излеа од своето корито…

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Поради обилни врнежи од дожд и повторно…

Водостоите на реките се стабилни

Центарот за управување со кризи информира дека…

ЦУК: Реката Пчиња се излеа кај Пелинце,…

Центарот за управување со кризи соопшти дека…

Драма кај Гостивар: Млада жена извлечена од…

Тежок сообраќаен инцидент се случи денеска на…