ЦУК: Вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати

t

До 18:00 часот вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати, информираат од ЦУК.

Активен пожар има во Општина Василево – село Василево, каде гори депонија.

Изгаснати се пожарите во Општина Дебар – село Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума), Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива), Општина Валандово – село Касандол (ниска вегетација), Општина Долнени – село Житоше и село Локвени (ниска вегетација и ѓубре), Општина Битола – нас. Мал Париз (ниска вегетација), Општина Аеродром – населба Драчево (ѓубре), Општина Чучер Сандево – село Блаце (ниска вегетација и шума), Општина Шуто Оризари – улица Брњачка Буна (ниска вегетација и ѓубре), Општина Тетово – патот Тетово – Брвеница (ниска вегетација), Општина Кратово – село Железница (депонија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Вечерва на територијата на државата се…

До 18:00 часот вечерва на територијата на…

Филипче објави фотографија вечерва од Собрание, 14…

Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален…

Напади на повеќе локации во Скопје: Полицијата…

На 28.06.2026 околу 19:00 часот во СВР…

Собранието ја изгласа потребата за носењето на…

Собранието со 59 гласа „за“, три гласа…