ЦУК: Се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе региони во земјава е забележано зголемување на водостоите на реките, објави 4news.mk Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби интервенираат согласно потребите на терен.

Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во Кратово, поради повремени врнежи од дожд, нивото на Кратовска Река и Крива Река е повисоко, без да предизвика излевање.

Во Битола е регистриран одрон на магистралниот пат Е-65, за што е известено ЈП „Македонија пат“ – Битола. Дополнително, се случило излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа, а за тоа е известено ЈП „Нискоградба“ – Битола. Во Новоци, нивото на Црна Река изнесува околу 280 см, додека во Демир Хисар водостојот на истата река е зголемен без значителни излевања.

Во Кичево се евакуирани 250 лица, односно 63 семејства, на кои им се обезбедува храна, вода и неопходна поддршка. Екипите на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на коритото на Зајашка Река, како и на чистење на канализационата мрежа. ТППЕ врши испумпување на вода од подруми на повеќе улици по пријави од жители.

ЦУК апелира до граѓаните да ја следат официјалната информација, да бидат внимателни покрај реките и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Се излеа Сива Река во близина…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за…

Комисијата за надворешна политика немаше кворум за…

Еве каде се поднесува приговор за прекршок…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во…

Конечно детали за запленета на 40 тони…

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител…