Четири лица загинаа во серија лавини на северот од Италија

t

Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска во серија лавини на северот од Италија.

Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца од нив.

Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини во кои загина по едно лице.

Во овој регион во сила е предупредување од трето ниво.

Имаше инцидент и во долината Аоста на границата со Швајцарија и Франција, каде што лавина однесе две лица од група од пет скијачи, но  благодарение на опремата, тие успеаја да се ослободат од снегот.

Сите инциденти се случија во денот што беше оценет како ден со висок ризик од лавини, а во сила беше предупредување од трето ниво од вкупно пет на европската скала за опасност од лавини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири лица загинаа во серија лавини на…

Четири лица загинаа, а неколку се повредени…

Драги: „Европа ризикува да стане подредена, поделена…

„Европа ризикува да стане подредена, поделена и…

Италија го осуди ослободувањето на сопственикот на…

Италијанската влада денес го осуди ослободувањето на…

Бројот на жртви во железничката несреќа во…

Во Шпанија прогласени се три дена жалост,…

Мелони: Му се јавив на Трамп и…

Иако Италија можеби не е меѓу земјите…