Членот на Левица казнет со 550 евра поради истакнување на палестинско знаме

t

Левица синоќа соопшти дека претседателот на нивниот подмладок, Андреј Куцуловски бил пуштен од полициска станица со изречена глоба од 550 евра за поттикнување на насилство и омраза поради внесување на палестинско знаме на натпреварот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Израел.

Од Левица посочуваат дека била мобилизирана „толпа полициски службеници кои приведоа млад човек кој впрочем не пружи никаков отпор, ниту пак направи било каков инцидент“.

„Со лисици, како да се работи за опасен криминалец, беше спроведен во станица, без притоа да му се соопшти основот за лишување од слобода. Во исто време, истата таа полиција под капата на Тошковски, со фрапантна леснотија дозволува да исчезнуваат и да бегаат лица осомничени за тешки кривични дела, не постапува ниту со слична ревност при брутални насилства, а семејното насилство го релативизираати оставаат без соодветен институционален одговор. Државата казнува солидарност, а премолчува насилство“, велат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Членот на Левица казнет со 550 евра…

Левица синоќа соопшти дека претседателот на нивниот…

МВР Потврди: Членот на Левица е приведен…

Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР…

Левица: Претседателот на Црвена Младина уапсен поради…

Пред малку, пред денешниот ракометен натрпревар Македонија-Израел,…

Левица: Повторно доцни породилниот надоместок, исплатите се…

„Додека премиерот Мицкоски говори за „поддршка на…

Левица: Со изборот на Ристоски, МРТ станува…

Од Левица остро реагираат на изборот на…