„Членство во ЕУ без право на глас“ е манипулација, штетата е национална: Жерновски за изјавата на Мицкоски дека ни било нудено членство во ЕУ

t

Поранешниот амбасадор Андреј Жерновски преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека на Македонија ѝ било нудено членство во Европската Унија без право на глас.

Кога немаш резултати, произведуваш наратив. Кога немаш план, измислуваш прикаски.

Премиерот Мицкоски пушти теза дека некој ѝ понудил на Македонија членство во Европска унија без право на глас.

Сериозна манипулација и сериозен дефокус со несериозна конструкција.

Тоа експресно и експлицитно вчера го демантираше евроамбасадорот Михалис Рокас, кој беше мошне јасен и прецизен- таква категорија не постои. Во ЕУ нема членки без право на глас.

И наместо да зборуваме за реалните обврски од преговарачката рамка, за реформите што доцнат, за економијата што стагнира и за меѓународната позиција што секојдневно слабее, на јавноста и’ се фрла јадица со измислена понуда. Со театар, кој претставува класичен пример на политички дефокус со намера вниманието на јавноста да се пренасочи од секојдневните владини афери и скандали.

Но крајно време е некој да му објани на Мицкоски дека државничкиот пристап подразбира одговорност во зборот. Кога премиер зборува за наводна понуда од ЕУ, тоа не е партиска изјава- тоа е позиција на државата. А кога таа позиција е јавно демантирана, штетата не е партиска. Туку национална, бидејќи Брисел ги гледа и ги следи овие изјави. Таму внимателно се анализира секој јавен став на премиер, секоја формулација, секоја порака што доаѓа од тука. Затоа, кога премиер јавно тврди дека постои можност за „членство без право на глас“ во ЕУ, а тоа експресно го демантира евроамбасадорот, во европските институции не се отвора дилема — се отвора сомнеж.

Сомнеж во сериозноста. Сомнеж во капацитетот

Сомнеж во вистинските намери, бидејќи што повеќе се создаваат фантомски сценарија, толку повеќе во Брисел дополнително се зацврстува впечатокот дека за оваа влада, европската интеграција не е приоритет, туку параван.

Времето не работи за нас. Регионот се движи. Геополитиката се менува. Секое одложување, секој дефокус, секоја несериозна изјава ја намалува довербата што тешко и макотрпно се градеше.

До неодамна бевме добрата вест во Брисел- пример дека и тешки прашања можат да се решаваат со политичка храброст. Денес, наместо да бидеме тема поради напредок, станавме фуснота поради недоследност“, вели Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Членство во ЕУ без право на глас“…

Поранешниот амбасадор Андреј Жерновски преку објава на…

ЕСМ ги нарече „груби и тенденциозни шпекулации“…

АД ЕСМ најостро ги отфрла, како што…

Роаминг како дома: Македонија чекор поблиску до…

Македонските граѓани би можеле во иднина да…

Муцунски: Мораме да најдеме решение за предизвикот…

Мораме да најдеме решение на предизвикот со…

Инфлуесерите со реакција до директорот на ААВМУ:…

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални…