Чулакоски: „Ќенеф“ од 125.000 евра – развојна програма на Општина Битола
Во развојната програма на Општин Битола, се одвоени 125.000 евра, за реновирање на тоалетите во основното училиште „Коле Канински“ .
Советникот во советот на Општина Битола од „Поинаку“, Иван Чулакоски, на седница на советот на Општина Битола праша каков тоалет ќе биде тоа што ќе се реновира со толку многу средства.
„Малку беа 120.000 евра или 7 милиони денари и сега имаме измена во развојната програма уште 200.000 денари плус додаваме за изградба на „ќенеф“ во „Коле Канински“. Што „ќенеф“ ќе биде тој, чекам да го видиме, да го пуштиме во употреба и да се пофалиме дека во Битола имаме рекордно скап „ќенеф“ во основно училиште.“ – вели советникот во советот на Општина Битола од „Поинаку“, Иван Чулакоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чулакоски: „Ќенеф“ од 125.000 евра – развојна…
Во развојната програма на Општин Битола, се…
Ромите со тапани ја блокираа Битола
Групата граѓани од Ромска националност кои вчера…
Претреси во Битола, пронајдена дрога: уапсена 18-годишна…
На 02.02.2026 во 02:00 часот на ул.„Партизанска"…
Тешко повредени двајца пешаци во Куманово и…
Повредени се двајца пешаци, во Куманово и…
Внук осомничен за обид за убиство на…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…