Шведска воведува мобилен аларм за воздушни закани

t

Шведска годинава ќе воведе нов систем за мобилно предупредување за да го алармира населението во случај на воздушни напади, инспириран од сличен систем што се користи во Украина, соопшти агенцијата задолжена за проектот.

Во моментов, Шведска има надворешен систем за алармирање со околу 4.500 сирени на покриви и високи згради.

„Врз основа на искуствата од Украина, откривме дека непријателот, во овој случај Русија, би можел да го уништи надворешниот систем за алармирање“, изјави Хенрик Ларсон, раководител на Одделот за цивилна заштита при Шведската агенција за цивилни непредвидени ситуации.

Новиот систем, наречен SE Alert, ќе функционира како дополнување на постојниот. Во случај на воздушен напад, мобилните телефони поврзани на шведската телекомуникациска мрежа автоматски ќе емитуваат гласовни предупредувања, аларми и вибрации.

Системот ќе биде активен во рок од шест месеци и ќе може да се користи и за аларми при големи кризи во мирно време, како нуклеарни или хемиски несреќи. Агенцијата работи и на апликација што ќе им овозможи на граѓаните да фотографираат беспилотни летала и да ги пријавуваат кај властите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведска воведува мобилен аларм за воздушни закани

Шведска годинава ќе воведе нов систем за…

Шведска повторно ја отвора дебатата за воведување…

По влезот во НАТО и променетата безбедносна…

Сиљановска-Давкова: Шведска е силен партнер и пример…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната…

Орбан со писмо до шведскиот премиер: „Шведска…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан напиша отворено писмо…

Во Швајцарија има над 3.000 милионери Албанци…

Претставникот на Глобалната мрежа на бизниси од…