Објавено на:

Шокантно откритие: Сопственикот на дискотеката во Кран Монтана веќе бил во затвор – еве за што бил осуден!

t

Сопственикот и управител на барот во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што за време на новогодишната ноќ во катастрофален пожар загинаа 40 лица, е добро познат на француското правосудство поради сериозни кривични дела од минатото.

Станува збор за Жак Морети, по потекло од Корзика, кој заедно со сопругата Џесика Морети е под истрага во Швајцарија за убиство од небрежност. Морети веќе има криминално досие – во 2005 година отслужил затворска казна во Франција за дела поврзани со подведување, извршени пред повеќе од две децении.

Француската двојка го презела барот во 2015 година, по што биле направени обемни градежни и внатрешни реновирања. Токму тие зафати сега се во фокусот на истрагата, заедно со можната одговорност на локалната општина, која наводно дала дозволи без соодветни безбедносни контроли.

Во пожарот животот го загубија 40 лица на возраст од 14 до 39 години, при што половина од жртвите биле малолетници. Повредени се 116 лица, а меѓу загинатите има и еден македонски државјанин. Според официјалните податоци, 22 жртви биле швајцарски државјани, додека 18 биле странци, меѓу кои девет Французи. Кај повредените, покрај локалното население, евидентирани се и 23 Французи и 12 Италијанци.

Обвинителството во Париз соопшти дека отворило посебна истрага со цел да им обезбеди правна поддршка на француските семејства на жртвите и активно да соработува со швајцарските власти во целосното расветлување на трагедијата.

Во петок во Кран-Монтана ќе се одржи комеморативна церемонија во чест на жртвите, а најавено е и присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, што дополнително ја нагласува тежината и меѓународното значење на овој трагичен настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантно откритие: Сопственикот на дискотеката во Кран…

Сопственикот и управител на барот во швајцарскиот…

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре…

Православните христијански верници во земјава утре го…

Анкета: Само една третина од Американците го…

Само 33 проценти од Американците ги одобруваат…

Скопјанка се жали дека куче ѝ ја…

Жена од скопската општина Гази Баба преку…

Сè уште се бара сторителот на залутаниот…

Сè уште не е познато кој е…