Објавено на:

Шпанија првпат прогласи национална вонредна состојба поради шумските пожари 

t

Шпанија првпат прогласи национална вонредна состојба поради големите шумски пожари што беснеат во повеќе делови од земјата, додека Франција побара помош од Европската Унија за справување со пожарите на атлантскиот брег. Високите температури и силниот ветер дополнително ја влошуваат состојбата и предизвикуваат нови евакуации низ Европа.

Во Шпанија повеќе од 10.000 жители се евакуирани од планинските подрачја западно од Мадрид, каде што пожарникарите се обидуваат да спречат спојување на неколку големи пожари. Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека националната вонредна состојба е прогласена поради сериозноста на пожарите, густата населеност на погодените подрачја и неповолните временски услови.

Шпанскиот премиер Педро Санчез оцени дека земјата се соочува со драматична ситуација, наведувајќи дека пожарите уништуваат илјадници хектари земјиште и загрозуваат бројни населени места. Властите предупредуваат дека пожарите во околината на Мадрид сè уште не се ставени под контрола.

Според шпанските власти, годинава избувнале повеќе од 29 големи шумски пожари, а изгорената површина е повеќекратно поголема во споредба со истиот период минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија првпат прогласи национална вонредна состојба поради…

Шпанија првпат прогласи национална вонредна состојба поради…

За секој убиен Евреин, на непријателот мора…

Изарелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

УЈП ги чешла издавачите на апартмани

Управата за јавни приходи почна засилени контроли…

Падна снег на Пелистер среде лето

Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер…

Центар за јавно здравје – Прилеп: Водата…

Водата од водоводната мрежа во населените места…