Штипјанец возел 105 км/час во населено место!
Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.
Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Штипјанец возел 105 км/час во населено место!
Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар…
Малолетник со нож бркал други малолетници низ…
Вистински хорор во Тетово. Малолетник фатен со…
Поради девојка, малолетник од Кочанско со пиштол…
На 19.03.2026 во 15:45 часот во с.Тркање,…
Приведен маж од Боговиње поради сомнение дека…
На 17.03.2026 во 21.55 часот во село…
Уапсен Србин кој ја тепал сопругата во…
Четириесетидеветгодишниот Д.Г. од Република Србија синоќа околу…