Штипјанецот Дамјан Давков освои сребрен медал на Светската олимпијада по информатика, во конкуренција од 375 учесници од целиот свет

t

Штип има со што да се гордее. Штипјанецот Дамјан Давков освои сребрен медал на Светската олимпијада по информатика 2026, која се одржа во Ташкент, Узбекистан во периодот од 9-16 август, објави М-Нет. Со своите три сребра и една бронза во своите четири учества, Давков е најуспешниот натпреварувач на Интернационалната олимпијада по информатика. Успехот на македонските натпреварувачи беше надополнет и од Владимир Грлев и Никола Стојковски.

Со вкупно три медали, македонските учесници остварија одличен успех на овогодинешната Светска олимпијада по информатика.

Инаку, на 38. издание на Олимпијадата се натпреваруваа 375 млади од целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Радосна вест: Дамјан ја победи болеста…

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за…