Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

t

Aлбанскиот премиер Еди Рама вели дека е „добра идеја“ на новите членки на Европската Унија(ЕУ) да им се ограничи правото на вето.

„Албанија „нема проблем“ со претстојниот предлог на ЕУ за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство – идеја насочена кон смирување на главните градови скептични кон проширувањето. „Мислам дека е добра идеја“, му рече Рама на новинарот на „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан во среда вечерта.

Рама призна дека несогласувањето во ЕУ е неизбежно – но посочи дека ќе има поинаков пристап од оној на Унгарија кога станува збор за блокирање на политиката на ЕУ. Неговиот водечки принцип, рече тој, е дека новите членки треба отворено да кажат во што веруваат, но на крајот треба да се согласат. Рама сака полноправно членство до 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што вели Рама за идејата на новите…

Aлбанскиот премиер Еди Рама вели дека е…

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе антидемократска резолуција за пресметка…

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, вели дека…

Ѓорѓиевски: Не можам и не сум ветил…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва…

Уапсен скопјанец баран со потерница за издржување…

Денеска во 16:30 часот полициски службеници од…

Фрчковски: Власта ја крие вистината за мигрантите…

СДСМ разоткри една ситуација која што практично…